сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Останати спортови

Големата награда на Турција ќе се одржи без публика

Големата награда на Турција ќе се одржи без публика

Трката од шампионатот во Формула 1, за Големата награда на Турција во сезоната 2020 година ќе се одржи без гледачи.

Во услови на влошена состојба со бројот на случаи со коронавирус, турската влада препорача организаторите да ја одржат трката без гледачи за да не ги изложуваат на ризик.

Претходно, организаторите на турското Гран при планираа да сместат до 100.000 луѓе на трибините.

Во првите часови по отворањето на продажбата беа продадени 40.000 билети.

И голем број македонските туристички агенции во своите понуди имаа аранжмани кои вклучуваа и присуство на трката.

Големата награда на Турција ќе се одржи на патеката „Истанбул парк“ на 15 ноември. (МИА)

Коронавирус