петок, 24. септември 2021. Вести денес: 123
home Останати спортови

Голема промена: Арбреша Реџепи ќе стане првата Олимпијка која ќе го вее македонското знаме (Фото)

Голема промена: Арбреша Реџепи ќе стане првата Олимпијка која ќе го вее македонското знаме (Фото)

Иако вчера беше пренесено дека Арбреша Реџепи ќе биде оневозможена да стане првата македонска Олимпијка која ќе ќе биде знаменосец на едни Олимписки игри, Македонскиот Олимписки Комитет се изборил за драстично менување на ситуацијата, сето тоа откако македонската џудистка добила и петти негативен тест на Ковид 19 во краток временски интервал.

Вчера МОК имформираше дека Арбреша нема да може да си ја исполни желбата и ќе ја пропушти вечерашната церемонија во Токио поради близок контакт со заразено лице од Ковид 19 пред летот од Франкфурт, но најновата информација гласи дека таа ќе биде дел од отворањето на Летните Олимписки игри во Јапонија.

– Во последен момент, по интервенција на Канцеларијата на МОК, сепак Арбреша Реџепи ќе може да присуствува на вечерашното отварање на Олиписките игри и ќе го носи македонското знаме на церемонијата на отворањето на игрите.

– Арбреша Реџепи, со одлука на ИОК Токио 2020, не е повеќе под надзор заради близок контакт со заразен од Ковид 19 и таа ќе ја има честа да биде прва спортистка, Олимпијка која ќе го носи македонското знаме на отварањето на летните Олимписки игри, – гласи објавата на МОК.

Според новитетот на Интернационалниот Олимписки комитет, секоја земја учесник ќе има двајца знаменосци, еден од машка и еден од женска конкуренција. Арбреша вечерва гордо ќе го вее македонското знаме, а тоа ќе го прави и таеквондистот Дејан Георгиевски.

Коронавирус