вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 174
home Останати спортови

Ѓорѓиев: Со победа да ги завршиме квалификациите

Ѓорѓиев: Со победа да ги завршиме квалификациите

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев, кој е прв поентер во квалификациите за Европското првенство се надева на дебитантско учество на континенталните самити.

За да му се исполни желбата потребно е Македонија вечер да ја совлада Унгарија, како и да се остварат резултати во прилог на „црвено-жолтите“ на уште два натпревара од другите групи.

-Многу работи зависат од резултатите од другите натпревари коишто се пред нашиот, но ние мора да победиме без оглед дали тие резултати ќе ни одговараат или не. Сакаме да завршиме со победа, а ако даде Бог, да одиме на Европското првенство 2019. Ако не можеме, треба да мислиме на иднината и на нашиот рејтинг со цел да имаме подобра ждрепка за наредниот циклус идната година. Јас имам некое чувство дека Летонија и Шведска ќе победат и дека со наш триумф над Унгарците ќе се радуваме на пласман, изјави Ѓорѓиев за веб-страницата на Одбојкарската федерација на Македонија.

Натпреварот Македонија – Унгарија се игра вечер од 20:15 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.