понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 151
home Останати спортови

Ѓорѓиев: Ние сме во кремот на одбојката и имаме тим за да напишеме нова историја!

Ѓорѓиев: Ние сме во кремот на одбојката и имаме тим за да напишеме нова историја!

Македонската одбојкарска репрезентација после историскиот настап на Европското првенство во септември годинава, ќе игра во европската „златна лига“ и денеска ги дознаа противниците во групата Ц во која се заедно со Чешка, Турција и Португалија.

Македонија доби незгодна и тешка група, но капитенот на оваа селекција Никола Ѓорѓиев посочи дека не се откажуваат од целта да бидат дел од завршниот турнир, иако е свесен дека ова ниво е далеку повисоко од претходното кога игравме во „сребрената лига“.

„Добивме тешка група, но на ова ниво нема ниту лесна. Ние сме во кремот на одбојката и тоа е местото каде што заслужуваме да бидеме. Добро е во првиот натпревар ќе бидеме домаќини, ако успееме да победиме, тоа би бил одличен почеток. Секако дека ние не сме фаворити за влез на завршниот турнир, сепак ова не е како во сребрената лига, но имаме екипа којашто што може да направи нова историја доколку сме здрави сите. Португалија е домаќин на Челенџер купот, па прочитав дека селекторот ќе ја искористи Европската златна лига за да ги провери сите играчи, мојот техничар во Фридрихсхафен е капитен на Чешка, па ќе се обидам да соберам некоја информација и од него, а Турците ги знаеме и се надевам дека ќе им се реваншираме за поразот на ЕП. Мојот сон е три победи дома и една или две на гости, а тоа значи пласман на завршниот турнир. Само да сме здрави”, оптимист е Ѓорѓиев.

Македонија веќе го знае распоредот на мечеви, а натпреварите почнуваат кон крајот на април идната година и групната фаза ќе заврши до средината на јуни. Почнуваме со домашен меч против Чешка, а со овој противник и ќе го завршиме првиот настап во „златната лига“. Завршниот турнир на четирите најдобри е во Белгија на 20 и 21 јуни, а финалистите ќе обезбедат пласман на ФИВБ Челинџер-купот и таму ќе може да се борат за место во Лигата на нации во 2021 година.

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИ

1.коло – 23/24.5.2020: Македонија – Чешка

2.коло – 27.05.2020: Турција – Македонија

3.коло – 30/31.05.2020: Португалија – Македонија

4.коло – 06/07.06.2020 Македонија – Португалија

5.коло – 10.06.2020 Македонија – Турција

6.коло – 13/14.06 2020 Чешка – Македонија

Коронавирус