понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 17
home Останати спортови

Ѓоргиев: „Експлодиравме“ – играме светска одбојка, заслужено сме на ЕУРО!

Ѓоргиев: „Експлодиравме“ – играме светска одбојка, заслужено сме на ЕУРО!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев вели дека против Турција одигравме тимски, борбено и заслужено сме на Европското првенство и тоа по втор пат.

-Беше експлозија, немавме слаба точка, заслуживме, играме светска одбојка, одигравме најдобро, не знам што кажам повеќе, второ Европско првенство, најважна е константноста, важно е одиме на ЕУРО. Кога бев мал, Македонија не играше на светски и европски првенства, навивавме за други, македонската јавност има прекрасно лето, фудбалерите и ние на ЕУРО, спортот ја спои нацијата, посакувам и медал на каратистот Павлов, мојот брат по спортот, да оди на Олимписки игри и да не израдува, изјави Ѓоргиев.

Коронавирус