понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓорческа се пласираше во полуфинале во Обидос

Ѓорческа се пласираше во полуфинале во Обидос

Лина Ѓорческа обезбеди полуфинале на ИТФ турнирот во Обидос, Португалија, откако нејзината противничка, Германката Лена Рефер го предаде мечот по 6:2, 4:1 во корист на нашата тенисерка.

Ѓорческа направи по два брејка во двата сета пред Рефер да се откаже, со што македонската тенисерка си обезбеди дуел за пласман во финалето.

Пред тоа, таа треба да ја совлада подобрата од дуелот меѓу Радановиќ (Србија) и Аншба (Русија), кој се игра во моментов