петок, 24. септември 2021. Вести денес: 127
home Останати спортови

Ѓоковиќ: Знам дека сите очекуваат злато од мене, ќе го употребам проверениот рецепт

Ѓоковиќ: Знам дека сите очекуваат злато од мене, ќе го употребам проверениот рецепт

Новак Ѓоковиќ е пред нов предизвик овојпат на олимписката сцена во Токио каде според ранкингот и формата е прв фаворит за златниот медал.

Големиот шампион досега нема освоено злато на ОИ, па ова е шанса тоа конечно да го направи и да дојде до уште еден извонреден резултат во кариерата.

-Знам дека сите очекуваат да освојам златен медал во Токио, јас исто би сакал, тоа не е тајна, со текот на годините научив како да се борам против притисокот и ќе го користам тој рецепт. Колку сте постари, толку сте поискусни, колку повеќе натпревари имате зад вас, толку посигурно автоматски пристапувате кон следните предизвици затоа што сте свесни дека сте го доживеале неколку пати.

-Во мојот случај станува збор за неуспеси, јас бев нервозен во Лондон и Рио, тоа е различен вид притисок кога станува збор за мојата земја или на другите турнири, -рече Новак за кого ова ќе биде четврто учество на ОИ.

-Имав доволно среќа да освојам бронза во 2008 година, се чини како одамна. Секогаш е чест за мене кога ја претставувам својата земја, да бидам дел од ОИ е нешто посебно. Го чувствувам тимскиот дух и тоа ми дава крилја на теренот. Се чувствувам одлично физички и психички. Подготвен сум да играм на највисоко ниво. Ја имав најдобрата сезона досега во однос на грен слем турнирите, ги освоив трите. Не можев да имам подобра подготовка од тоа. Се надевам на уште еден добар турнир, -заклучи првиот светски рекет.

Коронавирус