петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Останати спортови

Ѓоковиќ за точно еден час ја мина првата пречка кон олимпиското злато!

Ѓоковиќ за точно еден час ја мина првата пречка кон олимпиското злато!

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, без мака го совлада Боливиецот Уго Делиен на стартот од олимпискиот турнир во Токио и тоа за точно еден час игра со по 6-2 во двата сета.

Разлика во квалитет беше огромна, а очигледно беше дека е двајцата сакаа што побрзо да заврши средбата за да се тргнат од пеколниот терен каде што високата температура и високата влажност буквално и пречеше дури и нормално да дишат. Србинот првиот сет го доби потешко и тоа со брејк во шестиот гем, а во вториот во четвртиот гем првпат му го зеде сервисот на противникот и потоа лесно го приврши мечот.

Негов следен противник ќе биде Германецот Јан-ленард Шруф, кој денеска беше подобар од Бразилецот Тиаго Монтеиро (6-3, 6-4).

Коронавирус