сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 60
home Останати спортови

Ѓоковиќ: Убаво е што се враќам, поминав низ тежок период

Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ оствари победа над Доминик Тим на егзибицискиот турнир во предградието на Мелбурн, Кујонг, во првиот меч по паузата поради повреда.

Ѓоковиќ беше задоволен од прикажаното и се заблагодари на сите кои му даваа поддршка изминатиот период.

– Убаво е што се враќам на теренот и во Австралија. Поминав низ тежок период. Повредата е најголемиот противник за секој спортист. Се направив за да закрепнам. Поминаа шест месеци од мојот последен натпревар, ова не е официјален турнир, но се уште е натпревар, се уште играме на резултат. Благодарам на публиката која не поддржа, истакна Ѓоковиќ.

Србинот имаше пауза од точно 191 ден. Тој по прикажаното на мечот со Тим (6:1 и 6:4) верува дека подготвено ќе го дочека стартот на Австралија опен, првиот годинашен Грен слем кој почнува на 15 јануари.