петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 91
home Останати спортови

Ѓоковиќ тренира како неговиот идол Роки Балбоа (ФОТО+ВИДЕО)

Ѓоковиќ тренира како неговиот идол Роки Балбоа (ФОТО+ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, во родната земја се подготвува за стартот на новата сезона. Ѓоковиќ беше снимен на планината Дивчибаре како трча во стилот на Силвестер Сталоне од филмот „Роки“, посветен на боксерската легенда, пишува Спортманија.мк

Популарниот Ноле новата 2021 година ја почнува на ATП купот во Мелбурн, закажан за 1 до 5 февруари, а три дена подоцна е почетокот на гренд-слемот Австралијан опен. На овие два турнири од кои првиот е натпревар на репрезентации, Новак ќе ги брани титулите, па сака физички да биде максимално спремен.

Дека Ѓоковиќ го обожува Роки, доказ е неговата фотографија од 2015 година кога во американскиот град Филаделфија се сликаше со споменикот на Роки.

Новак џогира на Дивчибаре, а придружба му прави соработник на велосипед и тоа на дожд и по ниска температура. Ѓоковиќ потсети на култниот јунак Роки кој трчаше низ улиците на Филаделфија и ги поздравуваше минивачите.

Извор: Спортманија.мк

Коронавирус