понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Ѓоковиќ стана рекордер во Дубаи со 37 победи

Ѓоковиќ стана рекордер во Дубаи со 37 победи

Новак Ѓоковиќ ја запиша 14-та победа во сезоната. Во првото коло во Дубаи, српскиот тенисер го совлада Малик Џазири со 6:1, 6:2 и со 37 триумфи е рекордер на турнирот на кој има и шест порази.

„Одличен начин за почеток на турнирот. Ми недостасуваше натпреварувањето во Дубаи. Навистина уживам овде и во игрите во ноќни термини. Задоволен сум од сопственото издание, иако знам дека треба работа за подобрување на некои елементи“, рече Ѓоковиќ.

Негов следен ривал на турнирот ќе биде Германецот Филип Колшрајбер. Ѓоковиќ досега четири пати го освојување трофејот во Дубаи – во 2009 година, во 2010 година во 2011 година и во 2013 година. (МИА)

Коронавирус