недела, 31. мај 2020. Вести денес: 24
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Ѓоковиќ сигурен дека ќе ги сруши рекордите на Федерер

Ѓоковиќ сигурен дека ќе ги сруши рекордите на Федерер

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ изрази уверување дека ќе ги сруши рекордите на легендата Роџер Федерер за најмногу Гренд слем титули и најмногу недели на врвот на светската ранг-листа.

Српскиот тенисер моментално има 17 трофеи од „големите четири“, како и 282 недели како број 1 во светот, додека Федерер триумфираше 20 пати на Гренд-слем турнирите и помина вкупно 310 недели на врвот.

– Јас секогаш сум сигурен. Верувам дека можам да бидам тенисер со најмногу слем титули и да го подобрам рекордот за останување на прво место. Ова се моите јасни цели, рече Ѓоковиќ.

Тој додаде дека може да игра професионално до 40-годишна возраст.

– Не верувам во граници. Мислам дека границите се илузии на нашето его или на нашиот ум, додаде Србинот во интервју за Греам Бенсинџер од „In Depth“.

Целото интервју, во кое Ѓоковиќ зборува и за неговите здравствени проблеми во минатото, неговиот брак со Јелена и бомбардирањето на Србија кон крајот на минатиот век, ќе биде емитувано во Соединетите држави овој викенд.

Коронавирус