четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 6
home Останати спортови

Ѓоковиќ шампион на УС Опен

Ѓоковиќ шампион на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на Грен слемот во Њујорк. Тој ноќеска го победи Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 3-0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:3.

Со триумфот на мечот кој траеше 3 часа и 19 минути, Србинот по трет пат се искачи на тронот на УС Опен.

Воедно за Ѓоковиќ ова е 14-та Грен слем титула со што се изедначи со Пит Сампрас на вечната листа. Пред нив се Рафаел Надал со 17 и Роџер Федерер со 20 трофеи од четирите најголеми светски тениски турнири.

Наградниот фонд на УС Опен изнесуваше 53 милиони долари, од кои 3,8 се наменети за шампионот Ѓоковиќ.