недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 84
home Останати спортови

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на „Ролан Гарос“

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на „Ролан Гарос“

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на „Ролан Гарос“, откако го совлада шпанскиот тенисер Жауме Мунар во три сета (7:6, 6:4 и 6:4).

Младиот шпански тенисер во првиот сет му предизвика сериозни проблеми на Ѓоковиќ, кој, сепак, успеа со тајбејк да поведе со 1:0.

Мунар беше достоен противник и во останатите сетови,  меѓутоа српскиот тенисер ги доби и двата во своја корист.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут.

Коронавирус