вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ против Милман во финалето во Токио

Ѓоковиќ против Милман во финалето во Токио

Освојувачот на 16 Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ се квалификуваше за финалето на АТП 500 во Токио, откако го совлада Давид Гофан со 6:3, 6:4.

Светскиот бр.1 го покори шампионот од 2017 година за 1 час и 29 минути, а клучни беа брејковите, кои ги направи на почетокот на двата сета.

Ова е петто финале во сезоната за Ѓоковиќ, како и одличен начин да го заврши неговото деби во Токио. Ноле има шанса да освои десетти турнир во кариерата од неговиот прв обид, од кои последниот беше во Истбурн во 2017 година во подготовките за „Вимблдон“.

Противник во финалето на Ноле ќе биде Џон Милман, за кого ова е прв дуел за трофеј од АТП 500. Тој го совлада „бомбардерот“ Рајли Опелка со 6:3, 7:6 (4).