сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ пред уште еден предизвик, тенисерот испишува историја

Ѓоковиќ пред уште еден предизвик, тенисерот испишува историја

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се обиде на Олимписките игри во Токио да го освои златниот медал, а потоа да испише историја и да ја освои титулата на завршниот грен-слем турнир за оваа година Ју-Ес Опен во Њујорк

Српскиот тенисер во интервју за црногорските медиуми истакна дека во ниту еден момент не се двоумел околу настапот на Игрите во Токио.

-Чувството кога ја претставуваш својата земја на најголемата светска спортска манифестација е незаменливо. Олимписките игри се нешто посебно, изјави Ѓоковиќ.

-Мојата цел во Токио е да освојам медал, се надевам златниот. Не е тајна дека одам по златото и дури потоа ќе размислувам за грен-слем турнирот во Њујорк, додаде Ѓоковиќ.

Срспкито тенисер претходно овој месец триумфираше во Вимблдон и го израмни рекордот на Роџер Федерер и Рафаел Надал од 20 освоени грен-слем турнири во кариерата.  (МИА)

Коронавирус