понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Останати спортови

Ѓоковиќ пред цел свет кажа што му направила сопругата Јелена

Ѓоковиќ пред цел свет кажа што му направила сопругата Јелена

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар светски спортист на годината и ја доби наградата „Лауреус“. По церемонијата, српскиот ас не го криеше задоволството, а за неговиот успех го впери прстот кон семејството, посебно кон сопругата Јелена.

„Оваа награда е посебна и ми е најдрагата која сум ја добил. Кога ќе ми текне дека пред една година бев на работ да се откажам од тенисот и да прекинам кариерата, уште толку сум горд на достигнувањето. Бев нетрпелив по операцијата, но ништо не одеше, сакав да се повлечам. Во тешките моменти морате да најдете верба и мотивација, а за мене тоа беше сопругата Јелена која ме подигна „од мртвите“. Таа е главен виновник зошто не ја прекинав кариерата“, изјави Ѓоковиќ.

Ноле го добиваше истото признание во 2012, 2015 и 2016 година, а оваа година во борбата за тронот беше подобар од еминентни спортски имиња, како Луис Хамилтон, Леброн Џејмс, Килијан Мбапе, Лука Модриќ…