недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Останати спортови

Ѓоковиќ по жрепката на УС Опен: Не ми кажувајте каде падна Федерер

Ѓоковиќ по жрепката на УС Опен: Не ми кажувајте каде падна Федерер

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ не сакаше да знае дали Роџер Федерер ќе се најде на неговиот пат доколку стигне до финалето на УС Опен.

– Сите играчи ги анализираат можните идни свои ривали. Го гледате вашиот дел од распоредот, студирајте кој е таму. Гледате како играат противниците. Вашиот тим започнува да ги следи и проучува сите потенцијални противници. Мислам дека повеќето играчи гледаат подалеку од првото коло. Не ми кажувајте каде отиде Федерер. Ќе ја проучам мрежата кога ќе се доближам до завршницата, изјави Србинот.

Негов ривал во првото коло ќе биде Шпанецот Роберто Карболес-Баена, во евентуално четврфинале потенцијален ривал му е Данил Медведев, додека со Федерер би се сретнал во полуфиналето под условот двајцата тенисери да ги победат своите противници до таа фаза на Грен слемот.

УС Опен почнува в понеделник и ќе трае до 8 септември.