среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Останати спортови

Ѓоковиќ: Организаторите можеби ќе треба да го одложат Австралија Опен

Ѓоковиќ: Организаторите можеби ќе треба да го одложат Австралија Опен

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ загрижен е заради случувањата во Австралија и големите пожари кои зафатија еден дел од континентот.

Тој моментално се наоѓа во Бризбен, каде со репрезентацијата на Србија учествува на АТП куп.

– Морате се да земете во предвид заради екстремните временски услови, рече и продолжи: Мислам дека организаторите ќе направат се како не би дошло до одложување на турнирот, но ако ситуацијата се сведе на услови кои може да влијаат на здравјето на играчите, мислам дека дефинитивно ќе разгледаат и можно одложување на турнирот.
Огнената стихија на југоистокот од Австралија неколку недели неконтролирано се шири заради што голем дел од населението е евакуирано, а министерот Ендру Констанс ситуацијата ја спореди со атомска бомба.

Последиците се катастрофални, 23 лица загинаа, а повеќе од половина милион животни угинаа, а загадениот воздух експресно се шири.

Заради ова Ѓоковиќ наведува дека мора да се почитуваат интересите на играчите и да се заштити нивното здравје.

– Одлуката за одложување би била тешка за организаторите, би требало да се почитува распоредот, Австралија Опен секогаш почнува во определено време. Вкучени се многу работи, но грижата за играчите е најважна, рече Ѓоковиќ.

Коронавирус