понеделник, 23. мај 2022. Вести денес: 10
home Останати спортови

Ѓоковиќ никогаш повеќе на „Австралија опен“? Еве ја и казната која треба да плати!

Ѓоковиќ никогаш повеќе на „Австралија опен“? Еве ја и казната која треба да плати!

Депортацијата на Новак Ѓоковиќ му носи тригодишна забрана за влез во Австралија, што многу веројатно значи дека минатата година за последен пат настапи на „Австралија опен“. Кога ќе истече казната, тој ќе има 38 години…

Никој досега нема освоено повеќе Австралија опен од него. Годинава се тркаше за јубилејната 10-та грен слем титула во Мелбурн, севкупно 21 во кариерата и ќе го ставеше на врвот на вечната листа.

Но, нема да го видиме во Мелбурн оваа година. Односно, прашање е дали некогаш повторно ќе заигра во „земјата на кенгурите“. И тоа е голема загуба за тој турнир.

Австралија во најбрз можен рок ќе го депортира српскиот тенисер, кој дефинитивно нема да игра на првиот Грен слем турнир годинава, но депортацијата носи уште поголеми последици.

Тоа значи дека Новак нема да смее да влезе во Австралија три години (постои и можност тоа да не се случи), а со оглед на тоа што има 34 години, прашање е дали некогаш повторно ќе настапи на Австралија опен. Со овој крај на процесот беше најавено дека српскиот тенисер ќе ги сноси сите трошоци, а ќе треба да плати и отштета од 500.000 долари.

Драмата на Ѓоковиќ започна по неговото пристигнување во Мелбурн. Тој пристигна во Австралија со медицинско ослободување од вакцинација. После тоа му беше укината визата и сместен во хотел со мигранти, од кои некои се таму со години.

Ѓоковиќ поднесе жалба и судот одлучи да му ја врати визата. Но, австралискиот министер Алекс Хок одлучи да ги искористи своите овластувања според член од Законот за миграција и визата на Ѓоковиќ повторно беше укината. Австралиските власти отворија нови истраги поради нелогичности во потврдите што Ѓоковиќ ги приложил на својата виза. Тој се пожали, но тоа не вроди со плод. Судот само ја потврди одлуката на австралискиот министер.

Коронавирус