петок, 13. мај 2022. Вести денес: 158
home Останати спортови

Ѓоковиќ не може да игра без вакцина ниту на Ролан Гарос

Ѓоковиќ не може да игра без вакцина ниту на Ролан Гарос

Министерката за спорт на Франција, Роксана Марачинеану објави преку нејзиниот профил на Твитер дека во државата ќе се бара вакцина на сите спортски случувања.

Законот се однесува на вакцинација на сите спортисти кои сакаат да настапуваат на спортски натпревари, како и на Ролан Гарос, а тоа е проблем за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ неодамна откри дека не е вакциниран, по што беше депортиран од Австралија, а според новиот закон во Франција тоа значи дека најдобриот тенисер во светот не може да игра ниту на тој гренслем-турнир.

Претходно и другите турнири објавија дека ќе се бара задолжителна вакцина за Вимблдон и Ју-Ес опен, па тоа е дополнителна главоболка за Србинот.

„Законот за вакцинација е прифатен и наскоро ќе почне да се спроведува, што значи дека мора да се има потврда за вакцинација за влез во сите јавни простории (стадиони, кино, сали…). тоа важи и за учесниците и за гледачите, како за Французите, така и за странците“, напиша министерката.

Коронавирус