недела, 1. октомври 2023. Вести денес: 46
Во живо

Втора годишна конференција на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

home Останати спортови

Ѓоковиќ му се приближува на Надал

Ѓоковиќ му се приближува на Надал

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за 500 поени ја намали разликата во однос на лидерот Рафаел Надал на најновата АТП ранг листата објавена денеска.

Шпанецот не настапи на турнирот во Пекинг каде требаше да го брани трофејот.

Ранг листа на најдобрите 10 светски тенисери:

1. Рафаел Надал (Шпанија) – 8.260 поени
2. Роџер Федерер (Швајцарија) – 6.900
3. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 6.445
4. Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) – 6.130
5. Александар Зверев (Германија) – 4.755
6. Марин Чилиќ (Хрватска) – 4.535
7. Доминик Тим (Австрија) – 3.825
8. Кевин Андерсон (Јужноафриканска Република) – 3.640
9. Григор Димитров (Бугарија) – 3.620
10. Џон Изнер (САД) – 3.380.