четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 60
home Останати спортови

Ѓоковиќ може да ги собори сите рекорди на Федерер, само еден се чини е недостижен

Ѓоковиќ може да ги собори сите рекорди на Федерер, само еден се чини е недостижен

Новак Ѓоковиќ по триумфот над  Роџер Федерер на Вимблдон  потврди дека во моментов  е најдобриот на светот, без дилема ако некои воопшто ја имаа.

По епското финале се е поголем бројот на оние кои Ѓоковиќ го сметаат за најдобриот тенисер на сите времиња. Има титули од сите Грен Слем турнири, но сепак не е најтрофејниот  тенисер на светот.

Роџер Федерер со 20 Грен Слем титули е рекордер во моментов, следува Надал со 18, Новак Ѓоковиќ е трет на оваа листа со 16, дали тенисерот од Србија има „време“ да го стигне Швајцарецот е прашање кое ги мачи навивачите на популарниот Ноле.

Ѓоковиќ има предност во однос на Федерер на АТП Мастерсите од серијата 1000, води со 33 титули, Швајцарецот има 28, недостижен е Србинот во овој сегмент, но во трката за  Грен Слем титулите засега Федерер води со четири повеќе  и тоа е  рекордот кој веројатно нема да може да го надмине актуелниот број 1 во светот .