четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ: Милман многу ме измачи

Ѓоковиќ: Милман многу ме измачи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска извојува тешка победа над Австралијанецот Џон Милман (6:3, 6:4, 6:4) во четвртфиналето на УС Опен.

– Беше многу тежок меч за мене. Игравме речиси три часа. Мора да му се оддаде признание на Џон за извонредната партија. Ми пружи силен отпор. Напорно беше за двајцата. За време на натпреварот сменив многу маички. Се обидов да издржам и да најдам можност да победам на натпреварот. Временските услови беа комплицирани, но тие беа исти за нас двајцата, изјави Ѓоковиќ

Србинот во полуфиналето на УС Опен ќе се сретне со Кеи Нишикори од Јапонија. 

Коронавирус