недела, 21. април 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ: Ќе мора добро да размислам како да се подготвам следната сезона 

Ѓоковиќ: Ќе мора добро да размислам како да се подготвам следната сезона 

Втора година по ред српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживува рана елиминација на првите два годинашни Мастерси, во Индијан Велс и во Мајами.

-Не е прв пат рано да загубам на првите два турнира од Мастерс серијата. Ова се случува последните две сезони, така што ќе мора да поразмислам како да се подготвам за следните сезони, изјави Ѓоковиќ.

Првиот светски рекет синоќа беше поразен од Роберто Баутиста-Агут во осминафиналето во мајами и покрај тоа што првиот сет го доби со убедливи 6:1.

-Не смеев да загубам ваков меч. Противникот е добар играч и кога не искористив многу шанси, тој ме казни и заслужено оди во четвртфиналето, додаде Ѓоковиќ