понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 56
home Останати спортови

Ѓоковиќ ќе игра на ЛОИ

Ѓоковиќ ќе игра на ЛОИ

Сите сомневања дека светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, нема да настапи на Олимписките игри во Токио се решени. Србинот потврди дека ќе биде дел од Олимписките игри и покрај тоа што пред тоа ќе треба да ја брани титулата на грен слем турнирот Вимблдон, кој почнува во понеделник.

-Новак ја потврди желбата дека ќе учествува на Олимпијадата и ние списокот со неговото име веќе го испративме кај Олимпискиот комитет на Србија, од каде ќе биде проследен до орханизаторите на Игрите, се вели во соопштението на Тениската федерација на Србија.

Олимписките игри почнуваат на 23 јули и ќе траат до 8 август, а Ѓоковиќ ќе го брка единствениот медал што му недостасува во кариерата.

Коронавирус