среда, 18. септември 2019. Вести денес: 71
home Останати спортови

Ѓоковиќ ќе го искористи слободниот ден за санирање на повредата на рамото

Ѓоковиќ ќе го искористи слободниот ден за санирање на повредата на рамото

Во моментов најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште од самиот почеток на Грен слемот УС Опен го мачи повреда на левото рамо. Во двете почетни кола Србинот се носеше со проблемот, а за мечот од третото коло одигран ноќеска рече дека болката била со силен интензитет.

– На моменти имав силни болки. Тешко е да се каже како ќе бидам следните денови. Добро е што на Грен слем турнирите имаме ден одмор. Ќе го искористам тоа со обид да ја неутрализирам болката ила барем да ја смалам значително, изјави Ѓоковиќ.

Следен противник на Србинот на УС опен во Њујорк ќе биде подобриот од мечот меѓу Душан Лајовиќ и Денис Кудла.