петок, 5. август 2022. Вести денес: 179
home Останати спортови

Ѓоковиќ и Надал нема да играат на Мастерсот во Монтреал

Ѓоковиќ и Надал нема да играат на Мастерсот во Монтреал
Tennis - ATP Masters 1000 - Italian Open - Foro Italico, Rome, Italy - May 16, 2021 Spain's Rafael Nadal shakes hands with Serbia's Novak Djokovic after winning the final REUTERS/Guglielmo Mangiapane

Тенискиот Мастерс во Монтреал ќе помине без Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, при што двете големи ѕвезди ќе го пропуштат од различни причини.

Организаторите денеска потврдија дека Ѓоковиќ нема да биде дел од ждребот поради основниот услов за влез во Канада на странски државјани, а тоа е целосна вакцинација.

Нешто подоцна, од турнирот се повлече и Надал, кој даде и објаснување за потегот.

– Пред четири дена почнав повторно да тренирам и почувствував одредена нелагодност, која се повтори и денеска.

– Одлучивме да не патуваме во Монтреал и да продолжам да тренирам без притисок, – објави Надал преку социјалните мрежи.

Мастерсот во Канада се одржува од 8 до 14 август, a Ју-Ес Опен започнува на 29. август. Канада и САД имаат исти услови за влез во земјата и се помали се шансите дека Ѓоковиќ ќе отпатува за Њујорк.

Коронавирус