вторник, 3. август 2021. Вести денес: 99
home Останати спортови

Ѓоковиќ и Федерер нема да можат да се сретнат на „Вимблдон“ пред финалето

Ѓоковиќ и Федерер нема да можат да се сретнат на „Вимблдон“ пред финалето

Жрепката ги раздели двата големи фаворити за трофејот во различни делови од костурот пред одржувањето на новиот грен слем турнир „Вимблдон“ кој ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули.

Според проекцијата, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ би можел да се сретне со рускиот тенисер Андреј Рубљов во четвртфиналето, додека во полуфиналето е можен дуел со Стефанос Циципас.

Од друга страна, во делот на жрепката на Рожер Федерер се наоѓа Данил Медведев, вториот тенисер во светот, со кого Швајцарецот може да се сретне во четвртфиналето.

Уште еден фаворит е во тој дел – Александар Зверев би можел да се сретне со Матео Беретини во четвртфиналето.

Ѓоковиќ во првото коло ќе се сретне со британскиот тенисер Џек Дрејпер, а во следната рунда ќе се соочи со подобриот од дуелот помеѓу Андерсон и Бариос.

Во третата рунда е можен дуел со Давидович Фокина, во четвртото, веројатно подобар од пресметката помеѓу Монфис и Гарин, потоа Рубљов, и во полуфиналето Циципас или Роберто Баутиста Агут.

Да потсетиме, српскиот ас Ѓоковиќ го брани трофејот освоен пред две години, откако турнирот не се одржа минатата сезона.

Коронавирус