среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 107
home Останати спортови

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Надал

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Надал

Новак Ѓоковиќ постави нов рекорд за тенисери кои се постари од 30 години по бројот на недели поминати на првото место на АТП-листата. Србинот ја започна 69-тата недела како лидер на АТП-листата и го надмина рекордот на Рафаел Надал, кој со 30+ години на челната позиција се има задржано 68 недели, пишува Спортманија.мк

Ѓоковиќ серијата ја започна откако на 22 мај 2017 година наполни 30 години и уште не го дава првото место на светското рангирање. Трет на оваа листа за „30+“ е Андре Агаси, кој 33 недели поминал како лидер на АТП-листата. Роџер Федерер откако има наполнето 30 години, само 25 недели има поминато како лидер на АТП-листата.

Ноле вкупно 292 недели е лидер на АТП-лисата, а апсолутен рекордер во ова е Федерер, кој на чело на АТП-листата поминал вкупно 310 недели.

Коронавирус