недела, 25. јули 2021. Вести денес: 104
home Останати спортови

Ѓоковиќ: Го одиграв најдобриот натпревар на Ролан Гарос во кариерата

Ѓоковиќ: Го одиграв најдобриот натпревар на Ролан Гарос во кариерата

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со многу емоции им се обрати синоќа на новинарите во Париз по триумфот над Рафаел Надал и пласманот во финалето на Ролан Гарос.

-Оваа победа е една од најдрагите и најголемите во мојата кариера. Дефинитивно тоа беше еден од моите трите највозбудливи натпревари, и најдобар што го имам одиграно на Ролан Гарос, имајќи ги предвид квалитетот на тенисот и поддршката која доаѓаше од трибините и за мене, и за него, изјави српскиот тенисер по големиот триумф над кралот на земјените терени и 13-кратен освојувачот на Грен-слем турнирот во Париз.

Ѓоковиќ синоќа по голема борба и четиричасовен врвен тенис го совлада Надал со 3-1 во сетови (3:6, 6:3, 7:6, 6:2) и обезбеди пласман во финалето на Ролан Гарос во кое в недела за противник ќе го има Гркот Стефанос Циципас.

-За него тоа ќе биде посебно искуство, бидејќи никогаш порано немал можност да игра грен-слем финале. Без дилеми, ме чека голема борба, порача Ѓоковиќ спроти утрешниот завршен натпревар на турнирот во Париз. (МИА)

Коронавирус