петок, 29. јули 2022. Вести денес: 147
home Останати спортови

Ѓоковиќ фуриозно до следната рунда на Вимблдон

Ѓоковиќ фуриозно до следната рунда на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ имаше ново маестрално издание на Вимблдон и со 3-0 во сетови (6-0, 6-3 и 6-4) го совлада неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во 4. коло на Вимблдон, Србинот за помалку од два часа славеше во пресметката со сонародникот Миомир Кецмановиќ. Популарниот Ноле имаше ново маестрално издание и првиот сет го доби со 6-0.

Вториот сет му припадна на Новак Ѓоковиќ со 6-3, додека Миомир Кецмановиќ најмногу отпор пружи во третиот сет, кога успеа да му земе еден сервис на противникот и да донесе малку возбуда, но немаше сили за поголемо изненадување.

Новак Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против Тим ван Ријтховен, кој беше подобар од Басилашвили со 3-0 во сетови.

Коронавирус