сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 87
home Останати спортови

Ѓоковиќ елиминиран во второто коло на турнирот во Монте Карло

Ѓоковиќ елиминиран во второто коло на турнирот во Монте Карло

Српскиот тенисер и прв светски рекет Новак Ѓоковиќ е поразен од Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина (46. на АТП листата) во мечот од второто коло на турнирот од серијата Мастерс во Монте Карло (Монако).

Средбата траеше 2 часа и 56 минути и заврши со резултат 3:6, 7:6 (7:5) и 1:6.

Шпанскиот тенисер го одигра својот 14.натпревар со противници од топ-10 и ја забележа втората победа. Првата беше исто така во Монте Карло, минатата година против Матео Беретини.

Давидович-Фокина во осминафиналето на турнирот ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Дејвид Гофин од Белгија и Даниел Еванс од Велика Британија.

Наградниот фонд на Мастерс турнирот во Монте Карло изнесува 5,4 милиони евра. (МИА)

Коронавирус