вторник, 2. март 2021. Вести денес: 2
home Останати спортови

Ѓоковиќ доби категорично НЕ од австралиските власти

Ѓоковиќ доби категорично НЕ од австралиските власти

Австралиските власти категорично ги отфрлија денеска барањата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за олеснување на строгиот карантин за големиот број тенисери и тенисерки, кои се во двонеделна самоизолација без услови за подготовки за претстојниот Австралија опен.

Вкупно 74 тенисери и тенисерки, кои со чартер-летови пристигнаа во Мелбурн за настап на Австралија Опен, со одлука на организаторите, се ставени во строг двонеделен карантин, откако беа откриени неколку случаи на зараза со коронавирус меѓу патниците.

Ѓоковиќ, во својство на претседател на Здружението на тенисери (PTPa), со писмо до организаторите на гренслемот во Мелбурн побара да бидат обезбедени рамноправни услови за подготовки за сите учесници на турнирот што треба да стартува на 8 февруари.

Категорично „не“ на неговиот апел денеска пристигна од премиерот на австралиската сојузна држава Викторија, Даниел Ендруз.

-Правилата нема да се менуваат, бидејќи беа наложени од здравствените власти. Луѓето можат слободно да поднесуваат листи со желби, но одговорот е „не“, изјави Ендруз

-Знам дека неколку играчи „дрдореа“ во врска со правилата, но тие важат подеднакво за сите. За нив сите беа информирани пред доаѓањето и тоа беше условот што го прифатија. Овде нема да има повластен третман, бидејќи ниту вирусот не ве третира повластено, додаде премиерот на Викторија. (МИА)

Коронавирус