сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 38
home Останати спортови

Ѓоковиќ цензуриран: Му ја прекинаа прес-конференцијата откако го изговори ОВА (ВИДЕО)

Ѓоковиќ цензуриран: Му ја прекинаа прес-конференцијата откако го изговори ОВА (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ, кој се подготвува за својот прв меч на „Ролан Гарос“ денеска беше непријатно изненаден, откако неговата редовна прес-конференција беше неочекувано прекината по само едно новинарско прашање.

По воведното обраќање, Србинот беше прашан за проблемите со пандемијата и можноста да биде дисквалификуван ако има позитивен тест на Ковид-19.

-Стресот е стрес само доколку вие го сметате за таков. Јас решив да се ослободам од него. Се надевам дека ќе играм добро во Париз и нема да размислувам дали ќе бидам негативен на тестот. Ако се случи да бидам позитивен, тогаш тоа е што е. Навистина е тажно што некои тенисери на ваков начин се дисквалификувани од турнирите, поради тестовите, изјави меѓу другото Ѓоковиќ.

По овие, релативно контроверзни зборови и критика меѓу редови кон организаторот на гренслем-турнирот, претставникот на организаторот буквално го прекина вториот новинар среде поставување прашање и ја прогласи прес-конференцијата за завршена. Веднаш потоа, меѓу седмата сила, се појави теорија дека тоа била смислена цензура на Ѓоковиќ, кој отворено застана на страна на Вердаско и Џумхур, на кои не им беше дозволено да играат во Париз зошто имаа позитивен тест пред почетокот, за кој двајцата тврдеа дека е грешен.

Коронавирус