петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 60
home Останати спортови

Фрум: Очекувам да се утврди дека не сум виновен

Фрум: Очекувам да се утврди дека не сум виновен

Британскиот велосипедист Крис Фрум е уверен дека не ги прекршил антидопинг правилата и дека ќе докаже тоа.

Фрум заедно со неговиот клуб Скај од утре ќе возат на познатото Џиро, иако против него уште се води постапка.

Светската антидопинг агенција веќе неколку месеци нема изградено став дали британскиот велосипедист ги прекршил правилата кога на една етапа од минатогодишната Вуелта му беше откриено повисоко ниво на салбутамол од дозволеното.

Иако салбутамол не се наоѓа на листата со забранети супстанции, сепак Фрум имал двојно повисоко ниво од она, кое го пропишува Светската антидопинг агенција.

Британскиот велосипедист лани во септември триумфираше на Вулета, но два месеци подоцна беа соопштени резултатите од спорниот тест. Светската антидопинг агенција тогаш покрена истрага, но досега не е соопштено ништо конкретно.

Фрум негираше дека ги прекршил правилата, но призна дека ја зголемил дозата со салбутамол по препорака на неговиот лекар поради проблемите со астмата.

– Очекувам да се утврди дека не сум виновен, истакна Фрум.

Откако беше отворен случај против него, многумина побараа да добие забрана за натпреварувањата се додека не се реши проблемот.

– Секој има право на свое мислење. Ова беа некоку месеци на предизвици, но верувам дека се справив со тоа на вистинскиот начин. Немав бесони ноќи. Верувам дека на сите ќе им стане се појасно кога ќе ги дознаат деталите, истакна велосипедистот.

Џирото стартува утре во Ерусалим и првите три етапи ќе се возат во Израел, по што се преминува во Италија.