петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Останати спортови

Француските спортисти кои ќе настапат на ОИ во Токио ќе се вакцинираат

Француските спортисти кои ќе настапат на ОИ во Токио ќе се вакцинираат

Спортистите од Франција кои ќе земат учество на Олимписките игри во Токио до крајот на мај имаат можност да се вакцинираат пред ОИ.

Според планот на Министерството за спорт на оваа земја вкупно 1.400 спортисти би требало да бидат вакцинирани така што има простор од повеќе од 30 дена за да се заврши целата процедура.

Инаку, планот на домаќинот на Олимписките игри е во олимпиското село да смести повеќе од 15.000 лица меѓу кои се спортисти, тренери и судии и ќе мораат строго да се почитуваат здравствените протоколи за време на ОИ во Токио.

Коронавирус