среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

ФОТО: Се продава првото Ферари кое го возеше Шумахер

ФОТО: Се продава првото Ферари кое го возеше Шумахер

Легендарниот возач на Формула 1 и седумкратен шампион Михаел Шумахер кариерата ја започна во 1991 година, на Големата награда на Белгија.

Неговиот талент не остана незабележан па тој веднаш потпиша договор со Бенетон со кои ги освои првите две тутули во 1994 и 1995 година. По одличниот резултат со тимот, кој денес се вика Рено, Шумахер премина во Дерари.

Во ноември 1995 година кога Бенетон го ослободи од обврските во договорот, Михаел се најде во авион за Италија каде на патеката Фиорано го тестираше 412 Т2. Ова е првиот црвен болид зад чиј волан се најде шампионот.

Шасијата број 157  со Жан Алези дојде до подиумот и тоа беше последниот V12 Ф1 тркач на италијанскиот производител.

Продажен салон од Лондон на листат возила кои ги продава го стави и овој болид, но без означена цена. Она што е познато е дека Алези ја возеше 157 во првите рунди од сезоната, додека со другата шасија стигна до победа на Големата награда на Канда. Со други зборови 412 Т2 е последниот Ф1 болид со V12 мотор кој победи во една трка.

Пет дена по тестирањето, во ноември 1995 година, Шумахер и 157 се најдоа во Ешторил. Германецот мина над 28 круга во Ферари, остварувајќи најдобро време од 1 минута 21,20 секунди, што беше подобро од квалификацискиот круг на Бергер на Големата награда на Португалија за дури седум стотинки.

Покрај самото возило, продажбата вклучува и документирани копии на извештаите од тестирањето на шасијата 157 како и Ferrari Classiche сертификат.