четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 191
home Останати спортови

Фото: Повеќе од илјада луѓе го следат летот „EK409“, не е тешко да погодите кој е во авионот

Фото: Повеќе од илјада луѓе го следат летот „EK409“, не е тешко да погодите кој е во авионот

Новак Ѓоковиќ попладнево полета кон Дубаи од Австралија, а неговиот лет го следат над илјада луѓе.

Специјализираниот портал „Flihgt Radar“ објави дека летот „EK409“ убедливо е најследениот на ниво на сајтот, токму поради Ѓоковиќ.

Новак беше депортиран од Австралија и од Мелбурн тргна кон Емиратите, по спорната одлука на Федералниот суд.
Само една минута откако летот „EK409“ се појави на сајтот, стана најследениот, односно го набљудувале седум илјади луѓе.

Вториот најследен лет во тој момент бил летот од Сиднеј за Дубаи кој имал околу 1.700 следбеници.

Да ве потсетиме, Ѓоковиќ се најде пред Федералниот суд поради тоа што министерот за имиграција на Австралија, Алекс Хок, му ја укина визата.

Новак се обиде да се избори да игра на Австралија опен, но судот пресуди во корист на Хок и државата Австралија, па српскиот тенисер беше депортиран.

Коронавирус