сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 41
home Останати спортови

ФОТО: Овој Македонец ги истрча шесте најважни маратони во светот

ФОТО: Овој Македонец ги истрча шесте најважни маратони во светот

Само двајца Македонци, од кои едниот е Ангел Арнаудов од гевгелиското село Стојаково, а другиот Атанас Наумов ги имаат истрчано шесте најважни светски маратони кои секоја година се одржуваат во Њујорк, Чикаго, Берлин, Токио, Лондон и Бостон.

Изминатиот викенд во Бостон, двајцата заедно го постигнаа големиот упех по кој тежнее секој маратонец вложувајќи многу време, труд и финансиски средства за конечно да ја комплетираат фамозната шестка на главни маратони.

– Маратонот во Бостон беше трка за паметење. Секогаш ќе се сеќавам на неа поради дождот кој не пратеше цело време и дефинитивно поради најдобрата маратонска публика која и покрај лошото време излезе да не бодри по цел пат и да навива за нас, изјави емотивно Ангел Арнаудов.

За постигнатиот голем, личен успех и афирмацијата на Македонија, Арнаудов им се заблагодари на семејството и донаторите кои го подржале на сите негови маратони. (МИА)

Коронавирус