Неверојатна ситуација се случи на Светското првенство во атлетика за спортисти под 20 години.
Имено, Гирмавит Гебрихаир од Етиопија освои бронзен медал на 5000 метри, но цел свет е во дилема во врска со нејзините години.
Во официјалните документи и пишува дека е родена на 10 ноември 2001 година, иако личи дека е барем три пати постара. Има бори на лицето, вилица без заби и никој не верува дека има само 16 години.
-Таа жена поминала низ американската граѓанска војна, две светски војни и го видела Пеле како го крева трофејот на Мундијалот во 1970 година, напиша еден корисник на социјалните мрежи.
Интересно е тоа што од ИААФ тврдат дека се е регуларно со неа и дека таа навистина има 16 години.