среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

ФОТО: Мерцедес го промовираше болидот со кој ќе ја брани титулата во Ф1

ФОТО: Мерцедес го промовираше болидот со кој ќе ја брани титулата во Ф1

Тимот на Мерцедес го покажа автомобилот со кој ќе ја брани својата невидена серија на титули во 2020 година. Првите фотографии од ажурираната верзија, во однос на боја, на „В11“ беа објавени порано во текот на неделата, но денес веќе се прикажани на новиот автомобил.

Мерцедес ги освои сите 12 титули од влегувањето во турбо ерата – шест за пилотите и шест кај конструкторите. Со успехот во 2019 година, екипата од Бракли го достигна претходниот рекорд поставен од Ферари.

Ако Мерцедес продолжи да доминира оваа година, ќе стане првиот тим што освоил седум првенства во низа; доколку Луис Хамилтон ја одбрани титулата во 2019 година, тој ќе го изедначи рекордот на Михаел Шумахер, претходно сметан за недостижен.

Хамилтон ја започнува 2020 година со само 7 победи помалку од Шумахер, кој има 91; згора на тоа, Луис има само 4 подиуми од рекордните – 155. 35-годишниот Британец нема намера да се откаже во скоро време, така што „најдоброто допрва треба да дојде“…