сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 58
home Останати спортови

Формула 1 уште 13 години во Мелбурн

Формула 1 уште 13 години во Мелбурн

Патеката Алберт парк во Австралија ќе биде домаќин на караванот на Формула 1 во 2035 година откако беше потпишан новиот десетгодишен договор, изјави директорот на Формула 1, Стефано Доменикали.

-Тркачкиот викенд во Австралија секогаш е омилен меѓу навивачите, возачите и тимовите. Мелбурн е неверојатен, живописен град и вистинско место за нашиот спорт. Оваа година имаше огромен број навивачи за време на трката за Големата награда на Австралија и многу сме возбудени порад и продолжувањето на соработката., изјавил Доменикали.

Овогодишениот тркачки викенд на патеката Алберт парк беше од особен интерес за љубителите на Формула 1, во текот на тридневната програма комплексот го посетија речиси 420.000 навивачи. Тоа е најголема посета на сите времиња на еден спортски настап одржан во Австралија.

Коронавирус