сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Останати спортови

Формула 1 со загуба од речиси 400 милиони долари

Формула 1 со загуба од речиси 400 милиони долари

Формула 1 обезбеди финансиски извештај за 2020 година, според кој тркачката серија претрпе загуби во износ од 386 милиони долари, објави „Моторспорт“.

„Кралските трки“ заработија 1,1 милијарда долари минатата година, за разлика од 2 милијарди во 2019 година. Наградниот фонд се намали од 1 милијарда на 711 милиони долари од 2019 година.

Загубите на Формула 1 се поврзани со намалувањето на бројот на етапите и отсуството на гледачи на трибините поради пандемијата на коронавирус.

Новата сезоната во Формула 1 ќе започне на 28 март со трката во Бахреин.

Коронавирус