петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Останати спортови

Формула 1 потврди: Барселона останува на календарот до 2026 година

Формула 1 потврди: Барселона останува на календарот до 2026 година

Челниците на Формула 1 потврдија дека е продолжена соработката со првите луѓе на патеката во Каталонија која сега според планот ќе се вози до 2026 година.

Патеката која за првпат беше користена во Формула 1 во 1991 година, кога беше изградена пред Олимписките игри следната година останува на „мапата“ и календарот.

Патеката и објектите околу неа ќе бидат подложени на реновирање во пресрет на следната сезона.

Оваа година Луис Хамилтон дојде до победата во дуелот со Макс Верстапен, а следната трка во Каталонија е закажана за 22 мај 2022 година.

Коронавирус