среда, 23. септември 2020. Вести денес: 38
home Останати спортови

Formula 1: По голема борба во Монца, Хамилтон за „влакно“ пред Ботас во квалификациите

Formula 1: По голема борба во Монца, Хамилтон за „влакно“ пред Ботас во квалификациите

Возачите на Mercedes водеа одлична и неизвесна борба за пол-позицијата Италијанското ГП на Монца, соборувајќи го рекордот на патеката

Возачите на Mercedes беа единствените во Q1 кои користеа средно-тврди гуми. Сепак, тоа не ги спречи да постигнат убедливо најдобри кругови. Хамилтон беше најбрз со време од 1:19.514, две десетинки пред Ботас, додека Перез беше трет со половина секунда заостанување.

Во финишот на Q1, имаше неверојатна гужва на патеката и борба за позициите. Окон агресивно ја бранеше својата позиција на патеката, дури и за време на брзиот круг, а Грожан, Фетел, Џовинаци, Расел и Латифи беа оние кои не успеаја да се снајдат во неа и да се пласираат во Q2.

Во Q2, Ботас постави нов рекорд на патеката во неговиот втор обид со круг од 1:18,952 секунди. Тоа е всушност и првиот круг под 1:19 секунди на оваа конфигурација на патеката. Хамилтон остана две десетинки зад Ботас. Саинц беше одличен и со седум десетинки послабо време заврши на третото место предПерез.

Место во Q3 или најбрзите десет не обезбедија Квјат, Окон, Леклерк, Раиконен и Магнусен.

По првата серија кругови во Q3, времето на Хамилтон од 1:19,068 беше доволно за минимална предност Ботас. Зад нив се водеше голема борба за третото место, каде Перез ја имаше предноста.

Ботас изврши голем притисок во вториот обид. Финецот го спушти времето под 1:19, но Хамилтон одговори со 1:18,887 секунди, што беше нешто повеќе од половина десетинка побрзо од Ботас.

На крајот, Саинц беше трет со осум десетинки заостанување зад возачите на Mercedes. Перез падна на четвртото место, Верстапен остана на петтото место, а најдобрите десет ги комплетираа Норис, Рикиардо, Строл, Албон и Гасли.

Коронавирус