петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 62
home Останати спортови

Формула 1 неделава одлучува за воведување спринт трки

Формула 1 неделава одлучува за воведување спринт трки

Раководството на Формула 1 в четврток ќе го разгледува предлогот за промени во системот на квалификации и воведување спринт трки со цел да се внесе дополнителна возбуда во натпреварувањето и да се привлечат поголем број гледачи.

Предлогот предвидува петочни квалификацииа ден подоцна кратки спринт трки во должина од 100 километри без ограничувања во однос на гумите и горивото.

Слични иницијативи за воведување спринт трки во минатото не добија поддршка, но ситуацијата е сменета, пренесуваат светските медиуми, наведувајќи дека екипата на „Мерцедес“, која претходно ги блокираше ваквите предлози, сега е расположена да даде „зелено светло“.

Доколу планот биде усвоен, спринт трки во претстојната сезона би се возеле во Канада, Италија и Бразил, а од следната сезона новиот систем би бил воведен во целиот календар на Формула 1.

ЕУРО 2020

Македонија