вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Останати спортови

Формула 1 ги разгледува опциите за можни замени во натпреварувачкиот календар

Формула 1 ги разгледува опциите за можни замени во натпреварувачкиот календар

Раководството на Формула 1 ги разгледува опциите за можни замени во календарот на шампионатот за сезоната 2021, доколку тие станат неопходни, објави денес „Motorsport“.

Сите планирани „Гран при“ во Европа треба да поминат без проблеми, но сепак, постојат одредени сомнежи за одржување трки во Азија и Америка.

Големата награда на САД треба да се одвива според планот, но доколку се откажат етапите во Мексико и Бразил, Формула 1 најверојатно нема да одлучи да оди на друг континент само на една трка. Во врска со ова, се разгледува можноста за одржување на втора трка во САД – на патеката во Индијанаполис.

Исто така, во случај на откажување на азиската или американската етапа, се разгледуваат опции за одржување трки во Германија и Италија – на патеките Нирбургринг и Муџело. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија