вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 6
home Останати спортови

Формула 1 ги претстави правилата и измените за 2021, вака ќе изгледаат болидите во иднина (ВИДЕО)

Формула 1 ги претстави правилата и измените за 2021, вака ќе изгледаат болидите во иднина (ВИДЕО)

Формула 1 и ФИА на заедничка прес конференција во Остин ги презентираа новите правила и измените на болидите кои на сила ќе стапат во 2021 и треба да донесат повеќе битки на патеката и повозбудливи трки.

По две годишни дискустии помеѓу тимовите, Формула 1 и ФИА, денеска беа презентирани новите револуционери правила кои ќе треба да стапат на сила во 2021.

Болидите ќе добијат нов атрактивен лик, ќе имаат поедноставни крила и пошироки тркала кои треба да донесат поголема битка на патеката и повеќе претекнувања. Со сегашните правила, болидот кој е напред креира многу „валкан воздух“ па тој што е позади има потешкотии да го следи а со тоа и да го нападне и претекне.

Еден од новитетите ќе биде и ограничување на трошењето и поставена граница од 175 милиони долари со цел помалите тимови да добијат поголема шанса, и да не победува оној кој има најмногу пари за инвестирање. Ограничувањето се однесува на делот за перформансите на болидите, додека пак тимовите имаат неограничени ресурси за маркетинг, платите на возачите и платите на првите тројца луѓе.

Ќе биде лимитиран и бројот на нови делови кои ќе можат да се монтираат на болидите, а ќе има и повеќе стандардни делови. Гранд При викендите ќе траат три дена, наместо четири, и максимум ќе може да има 25 трки во годината.