вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 100
home Останати спортови

Формула 1 доби датум за старт на сезоната

Формула 1 доби датум за старт на сезоната

Миниестерството за здравство на Австрија денеска даде дозвола за одржување на две трки во Формула 1 шампионатот во земјата на 5-ти и 12-ти јули со што и официјално ќе стартува новата сезона со три месеци задоцнување.

Трките ќе бидат одржани на патеката „Ред Бул ринг“ без присуство на публика и со запазување на сите мерки на претпазливост. Тимовите ќе бидат лимитирани на само 80 лица на секоја трка. Доколку двете трки во Австрија се одржат без никакви проблеми, тогаш сезоната ќе може да продолжи во Унгарија.

Формула 1 планира да одржи осум трки во Европа од периодот од 5.јули до 6.септември. Доколку овој ревидиран календар се покаже како успешен, а условите дозволат да се одржуваат и други трки, тогаш челниците на Ф1 ќе направат нов календар на трките, надвор од „Стариот континент“.

Сезоната требаше да стартува во март во Австралија, но истата беше одложена поради пандемијата.